Quantcast
Channel: rsm.mk
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live

„Билд“: Штајнмаер ќе биде шеф на дипломатијата до крајот на јануари, Мартин Шулц на негово место

$
0
0

stajnmaerrd

Министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, ќе остане на функцијата до крајот на јануари, односно до конгресот на неговата Германска социјалдемократска партија (ГСДП), закажан за 29-30 јануари, на кој треба да се реши кој ќе биде кандидатот на ГСДП за канцелар, наведува весникот „Билд“, цитиран од ТАСС. Според податоците на весникот, сегашниот претседател на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, ќе го наследи Штајнамер на чело на Министерството за надворешни работи. Според „Билд“, кандидатот за канцелар на социјалдемократите ќе биде нивниот претседател Зигмар Габриел. Штајнмаер во ноември беше номиниран од владеачката германска коалиција (блокот ЦДУ/ЦСУ и ГСДП) за претседател на земјата. Федералното собрание, специален орган  што го избира германскиот претседастел, ќе се состане на 12 февруари. Тој се состои од 1.260 делегати, од кои половината се пратеници од Бундестагот, а втората половина се од парламентите на федералните области на Германија. Актуелниот шеф на државата Јоахим Гаук на почетокот на јуни изјави декас нема да се кандидира за втор мандат.

Сообраќајот отежнато во зимски услови

$
0
0

sneg-pat-1

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат. Во прекин е сообраќајот во двата правца за сите возила од утрово во 7 и 50 часот на регионалниот пат Кратово-Пробиштип. Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка кај Младо Нагоричане се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово. Сообраќајот на патниот правец село Крупиште-Пробиштип е нормализиран.Нормализиран е сообраќајот и на патниот правец Свети Николе-Куманово. Од 09:30 часот од Велес према Штип и Пробиштип наизменично се пропуштаат возила.  Остануваат на сила забраните за тешки товарни возила. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Задолжително е поседување на зимска опрема во возилата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Турска армија: Од почетокот на операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија убиени 1.362 борци на ИД

$
0
0

screenshot_3

Од почетокот на операцијата на Турција во соседна Сирија, во август минатата година, турските војници и нивните сунитски сојузници убиле 1.362 борци на Исламска држава, покажуваат податоците на турската армија, цитирани од ДПА. Повикувајќи се на соопштение на вооружените сили, агенцијата Анадолија пренесе дека, освен тоа, ранети биле и 168 борци на џихадистичката група, додека шестмина биле заробени. Турција и нејзините сојузници во северна Сирија ликвидирале и 291 борец на курдската милиција Сили за заштита на народот (СЗН), која контролира голем дел од границата со Турција. На 24 август Турција во северна Сирија  ја почна операцијата „Еуфратски штит, која има за цел да го прочисти регионот на границата од борци на Исламска држава и на Силите за заштита на народот.

И во Италија се ужива со убавата македонска музика

$
0
0

jordan-1

Фолкерот Јордан Митев 2017 година ја дочека работно, во Италија каде настапуваше две вечери, и тоа во новогодишната ноќ и следниот ден (на 1 јануари). Вели поминал одлично и задоволен е од атмосферата и посетеноста.
  • „Како и секоја Нова година така и оваа поминав одлично. Народ, исполнетост до последното место, а тоа е доволно кај мене да се запалат четирите мотори и да го извадам максимумот од мене за да пренесам силна музичка енергија која ќе создаде да луѓето уживаат и се забавуваат“, вели Митев, кој патувањето во Италија го искористил и за да го посети Монако каде бил со близок круг на пријатели.
   
  • „Ова патување беше добар крај на старата година, но и одличен почеток на новата. Па ако се вели дека по утрото денот се познава, тогаш оваа година мислам дека ќе биде добра, а некако тоа мислење го делат и многу луѓе кои ги сретнав во овој период - дека оваа година ќе биде подобра од претходната. Па да видиме“, додава Митев, кој патем им ги честита новогодишните и божиќните празници на сите православни христијани.
Веднаш по празниците Митев, како што и најави на самиот крај од 2016 година, стартува со подготовките за работа на новиот албум. jordan-3

Неуспешен грабеж на пошта во струшко Велешта

$
0
0

screenshot_4

Непознати сторители вчера или завчера ја исекле железната решетка и насилно ја отвориле алуминиумската влезна врата од поштата во струшкото село Велешта по што влегле внатре и од една од просториите одзеле метален сеф. Како што информира МВР, потоа со употреба на штица го туркале низ скалилата се до асфалтниот пат, каде го оставиле по што го напуштиле местото на настанот. Во присуство на екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Струга, металниот сеф бил отворен од раководителот на поштата, при што било констатирано дека сторителите не успеале да го отворат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Стотина турски офицери од НАТО побарале азил во Белгија

$
0
0

nato

По неуспешниот обид за преврат во Турција, во јули минатата година, стотина турски офицери од структурите на НАТО побарале азил во Белгија за себе и за своите семејства, јавуваат локалните белгиски медиуми. Офицерите се обвинети за тероризам, сменети се од работните задачи и не смеат да се вратат дома. Од доскорошниот турски состав во структурите на НАТО во Белгија 19 офицери се вратиле во Турција и сите биле затворени, а некои од нив биле дури подложени и на мачење. Од 53 турски офицери од седиштето на НАТО во Брисел, 42 биле сменети. Од стотината турски претставници во Врховната команда на НАТО во Монс 80 ја загубиле својата работа. Вкупно 450 од 600 турски воени офицери во НАТО биле ослободени од должностите, а во оваа бројка спаѓаат и доскорошните службеници во базите „Рамштајн“ во Германија, „Норфолк“ во САД и Неапол  во Италија.

Конгресот потврди –Трамп и официјално е новиот американски претседател

$
0
0

tramp

Американскиот Конгрес ги потврди гласовите на Електорскиот колегиум, со што Трамп и официјално стана избран претседател на САД. Конгресот, исто така, го потврди изборот на Мајк Пенс за потпретседател на САД. Во текот на броењето на гласовите, на заедничка седници на двата дома на Конгресот, демократите изнесоа мноштво забелешки, но тие не беа прифатени, пренесуваат американските медиуми. Со ова и официјално е потврден резултатот од гласањето на 538 електори, според кој  Трамп освоио 304 гласа од електорите, а Хилари Клинтон 227, и покрај тоа што таа добила речиси 2,9 милиона гласови повеќе од Американците. За победа на претседателските избори на  Трамп му беа потребни 270 електорски гласови. Трамп и Пенс заклетвата на новите функции ќе ја положат на инаугуративната свеченост на 20 јануари.

Старица починала во пожар во скопско Буковиќ

$
0
0

pozar-kukja

М.Б. (83) вчера била пронајдена почината во изгорен кат од куќа во скопското село Буковиќ. Како што информира МВР, вчера во ЕИК–Скопје било пријавено дека во 13:25 часот во село Буковиќ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Р.Б. (49), при што целосно биле изгорени приземјето и катот, каде била неговата мајка М.Б. која била пронајдена почината. Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на семејството за погреб.

Димитров и Нишикори во финалето во Бризбејн

$
0
0

kei london

Во финалето на АТП турнирот во Бризбејн ќе играат Јапонецот Кеи Нишикори и Бугаринот Григор Димитров. Победникот од минатата година Раониќ, загуби од 25-годишниот Димитров со 2:0 по сетови 7:6 и 6:2. Јапонскиот тенисер Нишикори беше подобар од Швајцарецот Стен Вавринка со 2:0 по сетови 7:6 и 6:3.

Иванов и Димитриев на божикна литургија во Соборниот храм во Скопје

$
0
0

ivanov-dedo-stefan

Во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје денеска по повод големиот празник Рождество Христово - Божик се одржа Архиерејска Златоуста литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, г.г. Стефан. На литургијата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев. По завршувањето на литургијата Иванов и Димитриев на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост и среќа. - Сакам да им го честитам овој голем празник на сите граѓани на Република Македонија кои го слават Христовото раѓање - Божик и да им посакам многу здравје, радост и среќа. Посакувам сето она што го имаме овие денови, сета радост, сета добрина и убавина да не следи во текот на целата година. Посакувам да ја споделуваме радоста и да се чувствуваме добри и да го славиме животот. Христос се роди навистина се роди, истакна претседателот Иванов. Во семејството Иванови на бадниковата вечер паричката се паднала кај синот Иван. Димитриев им го честиташе Божик на сите православни христијани кои го празнуваат, како што рече, овој пресветол празник од нашата историја. - Нека Исусовото дело кое што го празнуваме деновиве биде пример и поука за сите нас дека со разум, со позитивна енергија и мисла се надминуваат и најголемите предизвици. Така и ние денеска живееме во едно исклучително турбулентно време на општествен и политички план, меѓутоа се надевам дека кај сите фактори и сите чинители ќе надвладее разумот, ќе надвладеат пораките кои деновиве ги слушаме од храмовите на нашата Македонска православна црква и дека Република Македонија, македонскиот народ оваа година ќе живеат многу порелаксирано во една попопозитивна атмосфера споредено со годината која ја напуштивме, додаде Димитриев.

Филип Филиповиќ е најдобар ватерполист за 2016 година

$
0
0

filip

Едно од најпознатите списанија за пливачките спортови „Swimnig World“ го прогласи Србинот, Филип Филиповиќ за најдобар ватерполист на светот за 2016 година. Филиповиќ со престижна награда се закити и во 2009 и 2011 година, кога беше прогласен за најдобар според ЛЕН, а во 2014 година беше најдобар и според ФИНА. Во конкуренција на дамите за најдобра е прогласена Американката Ешли Џонсон, која по третпат го освои ова признание.

Студеното време продолжува, утре наутро -22 степени

$
0
0

studeno

Продолжува променливото облачно и многу студено време со засилен северен ветер и температура која утре наутро ќе се спушти до минус 22 степени. Според УХМР во Берово и Маврово ќе биде најстудено со минус 22, Демирк Капија минус 21, Битола минус 20, Прилеп минус 19, Тетово минус 18, Скопје минус 17, Штип и Струмица минус 16, Охрид минус 15 и Гевгелија минус 11. Темепратурите и во текот на денот ќе останат ниски под нулата и ќе се движат од минус 12 во Берово и Битола, минус седум во Скопје до минус пет во Гевгелија. Студени утра ќе имаме до петок наредната недела кои ќе се движат од минус 19 до минус 7 во понеделник, минус 17 до минус 6 во вторник, минус 16 до минус 7 среда, минус 15 до минус пет  четврток и минус 12 до минус 4 во петок. Дневните температури во понеделник и вторник ќе бидат под нулата, а од среда ќе имаат пораст и во петок ќе стасаат до осум степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со засилен северен ветер. На места ќе провејува слаб снег.  Темепратурата ќе се движи од минус 13 до минус шест степени.

Кошаркарите на МЗТ Скопје од втора отпатуваа за Загреб

$
0
0

mzt

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претпладнево „од втора“ заминаа кон Загреб, каде што утре ќе ги одмерат силите со Цибона во рамки на 17. коло од АБА-лигата, откако вчера, по неколкучасовно чекање поради лошото време, останаа приземјени на аеродромот „Александар Велики“. Според планот, сино-белата експедиција треба да пристигне во хрватската престолнина нешто после пладне, а вечерва ќе го одржи планираниот тренинг во загрепскиот храм на кошарката кој го носи името на легендарниот Дражен Петровиќ. Средбата е предвидена за утре со почеток во 17 часот.

Стефан Синовец заработи нова повреда

$
0
0

sinovec

Тренерато на МЗТ Скопје Аеродром Анте Назор на дуелот против Цибона нема да може да смета на Стефан Синовец, кој се повреди на еден од последните тренинзи. По деталните лекарски прегледи утврдена е повреда на задната ложа што значи најмалку двонеделно отсуство од тренинзите, а можана е пауза и од дваесетина дена. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток во 17ч.

Босфор е затворен за движење во двата правца

$
0
0

bosfor

Невообичаено студената зима го стегна и Истанбул. Од синоќа таму паѓа обилен снег, а на места низ градот снежната покривка достига и до около 40 сантиметри. Температурите се движат меѓу минус 5 и минус 3 степени. Поради недоволна видливост запрено е движењето на пловни објекти по Босфор и тоа во двата правца, се до новата наредба, соопшти поморската администрација. Запрено е движењето и на патничките бродови меѓу азискиот и европскиот брег од повеќемилионскиот град, во правец кон Принцовите острови, Јалова и Бурса.

Мемфис се врати од негатива од 24 поени и го совлада Голден Стејт по продолженија

$
0
0

nba

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа 8 натпревари. Кошаркарите на Мемфис на дуелот против Голден Стејт се вратија од негатива од 24 поени и успеаја да слават по продолженија со 128:119. Најефикасен во таборот на Гризлис беше Мајк Конли со уфрлени 27 поени. Во останатите мечеви: Вашингтон - Минесота 112:105, Орландо – Хјустон 93:100, Бостон - Филаделфија 110:106, Бруклин – Кливленд 108:116, Милвоки – Њујорк 111:116, ЛА Лејкерс - Мајами 127:100 и Сакраменто – ЛА Клиперс 98:106.

Запленети 68,5 килограми марихуана на граничниот премин Блаце

$
0
0

marihuana

Околу 68,5 килограми марихуана пронајдоа царинските инспектори на граничниот премин Блаце, при контрола на комбе во специјално направен бункер.

Како што соопшти Царинската управа, завчера околу 22:30 часот на Блаце на влез во Република Македонија било запрено комбинирано комбе (патничко-товарно) со хрватски регистарски ознаки, управувано од Б.К., хрватски државјанин. При преглед на возилото со царинско куче и рачен скенер, помеѓу задните седишта и делот наменет за товар, бил пронајден специјално направен бункер. Во бункерот биле сместени 39 опаковки со различна големина обвиткани со стреч фолија исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 68,5 килограми. Осомничениот Б.К. изјавил дека дрогата ја набавил од лице од Р. Албанија со намера да ја транспортира преку Македонија со крајна дестинација Германија, а за пренесувањето на марихуаната  требал да добие парична награда. Цената на западноевропскиот пазар за каде била наменета запленетата марихуана се проценува на 200.000 евра, додека во малопродажба може да биде и двојно поголема. Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен судија на претходна постапка.

Откажана 6 –та етапа на Дакар

$
0
0

dakar

Шестата етапа на релито Дакар е откажана поради лошите временски услови во Боливија. Откажувањето значи дека натпреварувачите ќе имаат два дена одмор. Овогодинешното издание на Дакар ќе продолжи во понеделник со седмата етапа од Ла Паз до Ујуни со должина од 622 километри. Во пласман на автомобилисти води Стефан Петерхансел од Пежо, возачот на КТМ, Британецот Сем Сандерленд е лидер кај мотоциклите, додека кај камионите прв е Герард де Рој со Ивеко.

„Република“: Заев главна мирудија во балканскиот котел на Сорос

$
0
0

analiza227-1

Со­ро­со­во­то оп­штес­тво со пра­во го но­си име­то „отво­ре­но“. Та­му вра­ти­те се ши­рум отво­ре­ни за си­те бил­ме­зи и не­до­вет­ни че­да кои во ос­тва­ру­ва­ње­то на лич­ни­те ни­ско­зем­ни ам­би­ции не из­би­ра­ат средс­тва, а не­ма­ње­то скру­пу­ли е доб­лест. Ос­но­вен пре­дус­лов е не­из­мер­на­та по­чит и љу­бов кон па­ри­те. Во Ма­ке­до­ни­ја ју­риш­ни­ци­те му се по­го­ди­ја, мо­же и да ги па­тен­ти­ра ка­ко ур­нек за со­вр­ше­ни со­ро­со­и­ди. И во САД зна­ат што се пра­ви во Ма­ке­до­ни­ја. „Нешнл рив­ју“ на­пи­ша: „Аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пре­ку УСА­ИД, ѝ да­ва­ат па­ри на ло­кал­на­та фон­да­ци­ја на Со­рос. Ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци ве­лат де­ка со тоа САД пра­ктич­но од­бра­ле стра­на во по­ли­тич­ка­та по­дел­ба во Ма­ке­до­ни­ја. Да, не­кој од­брал стра­на оти друг са­ка да вла­дее и да­ва сѐ за цел­та. Екс­пер­ти­те ве­лат де­ка Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си, со што ѝ на­не­су­ва исто­ри­ска ште­та не са­мо на др­жа­ва­та ту­ку и на сво­ја­та пар­ти­ја. Но, тој не­ма проб­лем со тоа. За­се­га…, анализира „Република“. Со­ро­со­во­то оп­штес­тво е на­ви­сти­на „отво­ре­но“, тоа ба­рем е нес­пор­но. Не­го­ва­та фон­да­ци­ја има ши­рум отво­ре­ни вра­ти за си­те што има­ат пре­го­ле­ма жел­ба за ос­тва­ру­ва­ње на лич­ни­те жел­би ка­ко те­ра­пи­ја за ле­че­ње на сопс­тве­ни­те комп­ле­кси, а при­тоа не­ма­ат ни­ка­ков проб­лем да вле­зат во ка­ква и да е рол­ја и сце­на­рио и бес­по­го­вор­но да ги сле­дат на­со­ки­те на сво­јот фи­нан­си­ер. Фи­ли­ја­ла ка­де што не­до­сти­гот на скру­пу­ли прет­ста­ву­ва доб­лест. Да, Со­рос е це­лос­но отво­рен и гла­ден за но­ви че­ти не­до­вет­ни че­да кои во бе­скру­пу­лоз­на­та на­ме­ра за осво­ју­ва­ње на вла­ста не­ма­ат проб­лем со уни­шту­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те при­о­ри­те­ти и на сопс­тве­на­та др­жа­ва. Нај­мал проб­лем и нај­го­ле­ма отво­ре­ност, пак, Со­рос по­ка­жу­ва кон сопс­тве­ни­те сре­бро­љуб­ни пос­луш­ни­ци од „ан­тив­ла­ди­ни­от“ се­ктор, кој ќе има се­ри­о­зен се­ман­тич­ки проб­лем со сопс­тве­но­то име ко­га не­ко­гаш во ид­ни­на СДСМ ќе дој­де на власт. Не збо­ру­ва­ме за име­то Ма­ке­до­ни­ја, тоа во­оп­што не ги ин­те­ре­си­ра ни­ту тан­ги­ра. Мо­же­би се са­мо сил­но за­ин­три­ги­ра­ни од фа­ктот кол­ку па­ри би им до­не­ла не­го­ва­та про­ме­на, но НВО или нев­ла­ди­ни не­ма да им од­го­ва­ра со СДСМ на власт. То­гаш при­род­но ќе се пре­кр­стат во НОО, не­о­по­зи­ци­ски ор­га­ни­за­ции. analiza227-2 Мно­гу­ми­на го по­ста­ву­ва­ат пра­ша­ње­то да­ли е тој све­сен во ка­кви ели­ти­сти и уд­ба­шки ата­виз­ми вло­жу­ва сил­ни ми­ли­о­ни во Ма­ке­до­ни­ја? Од­го­во­рот е ед­но­ста­вен, да, де­фи­ни­тив­но е све­сен. Ос­но­ва­та на не­го­ва­та при­ка­ска е ток­му про­да­ва­ње­то ели­ти­зам на из­го­ре­ни­те по не­го, а сво­и­те пи­па­ла низ све­тот ,и осо­бе­но во Ма­ке­до­ни­ја, ги пу­шта најм­но­гу бла­го­да­ре­ние на жел­ба­та на ил­јад­ни­ци бил­ме­зи да би­дат дел од таа ка­ста. Бар ед­наш во жи­во­тот да би­дат по­и­на­кви, ша­ре­ни, ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Кон­тра „сто­ка­та“, се раз­би­ра. Зна­чи, за да од­го­ва­ра­те на фо­то­ро­бо­тот на Со­ро­сов ју­риш­ник, тре­ба да са­ка­те па­ри по­ве­ќе од све­тот, да има­те бол­на жел­ба за да ста­не­те дел од не­ка­ква ели­ти­стич­ка дру­жи­на и да не­ма­те скру­пу­ли во ос­тва­ру­ва­ње­то на сво­и­те ни­ско­зем­ни це­ли кои ги прет­ста­ву­ва­те ка­ко ос­ло­бо­ду­ва­ње. Ве­ро­јат­но ос­ло­бо­ду­ва­ње од умот и од скру­пу­ли­те. Ах, да. Па­то­ло­шко­то по­са­ку­ва­ње на вла­ста е уште еден, мо­же­би, нај­по­са­ку­ван ква­ли­та­тив кај кан­ди­да­тот за со­ро­со­ид. Поз­на­ва­те ли ма­ке­дон­ски по­ли­ти­чар кој е тол­ку мно­гу „отво­рен“ за се­то ка­жа­но, лик кој би од­го­ва­рал на си­те Со­ро­со­ви жел­би и кри­те­ри­у­ми? Да, се ви­ка Зо­ран За­ев, то­тал­но до­пол­нет во при­ка­ска­та со не­го­ва­та „по­у­ба­ва“ по­ло­ви­на Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска. И Еди Ра­ма мо­же да им до­не­се по ед­на ча­ша во­да. Со дво­ја­зич­на здра­ви­ца, се раз­би­ра… analiza227-5

И Аме­ри­кан­ци­те про­тив Со­рос во Ма­ке­до­ни­ја

Ве­ро­јат­но, и на­уч­ни­ци­те од ла­бо­ра­то­ри­ја­та на Со­рос би­ле страш­но из­не­на­де­ни од ефе­ктот на екс­пе­ри­мен­тот во Ма­ке­до­ни­ја. Нив­ни­те екс­пе­ри­мен­тал­ни глув­чи­ња ги над­ми­наа нив­ни­те скром­ни оче­ку­ва­ња ста­ну­вај­ќи ур­нек за на­та­мош­ни­те „ре­во­лу­ции“ во све­тот. Се­ка­де, ка­де што ќе за­тре­ба. Од­нос­но, ка­де што ќе по­са­ка Со­рос и не­го­во­то отво­ре­но оп­штес­тво. За овој факт и си­ли­на­та на по­стиг­на­то­то уште пред креш­чен­до­то на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, во вре­ме­то ко­га неј­зи­но­то сце­на­рио уште се пи­шу­ва­ше или пре­пи­шу­ва­ше од Бос­на, пи­шу­ваа и са­ми­те Аме­ри­кан­ци. Ама оние „дру­ги­те“ Аме­ри­кан­ци, не Со­ро­со­ви­те и Хи­ла­ри­ни­те, уште по­мал­ку оние на Оба­ма. Да, уште пред ед­на го­ди­на еден Аме­ри­ка­нец од „Нешнл рив­ју“ на­пи­ша фан­та­стич­на ана­ли­за за Ма­ке­до­ни­ја, ба­зи­ра­на не на „рек­ла-ка­за­ла“, ту­ку на лич­но при­сус­тво во зем­ја­та. Пре­ду­пре­ду­ва­ње­то и то­гаш бе­ше за вли­ја­ни­е­то на Со­рос и не­го­ви­те га­ва­зи и не­со­од­вет­ни­от од­го­вор на дру­га­та ста­на во ко­рум­пи­ра­ни­от нев­ла­дин се­ктор. При­ме­рот бе­ше да­ден за со­стој­би­те во САД, ка­де што НВО на Со­рос из­ле­гу­ва, а го де­ман­ти­ра­ат и не­у­тра­ли­зи­ра­ат три дру­ги ре­пуб­ли­кан­ски нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции. Ед­на го­ди­на по пла­стич­ни­от опис на ма­ке­дон­ска­та би­тка со вли­ја­ни­ја­та, пла­те­ни и од гра­ѓа­ни­те на САД пре­ку УСА­ИД. За таа „дуп­ка“ од са­мо ед­на го­ди­на, ми­ли­о­ни до­ла­ри вле­гоа во „Тел­ма“, „24 ве­сти“, раз­но­раз­ни фо­ку­си без ма­ло­ум­ни пе­ча­ти и ка­де ли не. Слу­чај­но или не, но ве­ро­јат­но по­ве­де­ни од от­по­рот на Со­рос во САД про­тив но­во­из­бра­ни­от пре­тсе­да­тел Трамп и отво­ре­на­та вој­на ко­ја бер­зан­ски­от ма­ни­пу­лант ја во­ди про­тив чо­ве­кот кој нај­а­ву­ва ра­ди­кал­на про­ме­на на без­о­браз­на­та аме­ри­кан­ска по­ли­ти­ка, „Нешнл рив­ју“по­втор­но се се­ти на Ма­ке­до­ни­ја. analiza227-4 analiza227-3 analiza227-6 „Аме­ри­кан­ски­те да­ноч­ни об­врз­ни­ци, пре­ку УСА­ИД, ѝ да­ва­ат па­ри на ло­кал­на­та фон­да­ци­ја на Со­рос“. Ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци ве­лат де­ка со тоа САД пра­ктич­но од­бра­ле стра­на во по­ли­тич­ка­та по­дел­ба во Ма­ке­до­ни­ја – и тоа ја од­бра­ле СДСМ или про­ко­му­ни­стич­ка­та стра­на. Дру­ги со­го­вор­ни­ци ве­лат де­ка дес­ни­ца­та пра­ви стра­ши­ло од Со­рос и де­ка аме­ри­кан­ски­те дип­ло­ма­ти се че­сен по­сред­ник во тој спор. Но, ма­ке­дон­ски­те кон­зер­ва­тив­ци се дла­бо­ко по­го­де­ни од на­чи­нот на кој се раз­ви­ва­ат од­но­си­те со САД во ера­та на Оба­ма. „Ние сме автен­тич­на­та про­а­ме­ри­кан­ска, про­за­пад­на пар­ти­ја во зем­ја­ва. А, вие нѐ тур­ка­те во ра­це­те на Ру­си­ја“, на­пи­ша Ен­др­ју Ста­та­форд во ана­ли­за­та во ко­ја се ука­жу­ва де­ка во пре­диз­бор­на­та кам­па­ња СДСМ им да­ва­ше ве­ту­ва­ња и на­ве­сту­ва­ња за ид­ни от­стап­ки на пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци, кои во ид­ни­на мо­же да пре­диз­ви­ка­ат ет­нич­ки тен­зии. Ова, спо­ред уг­лед­но­то кон­зер­ва­тив­но спи­са­ние, е проб­ле­ма­тич­но ме­ѓу дру­го­то и за­тоа што Ма­ке­до­ни­ја е во пр­ва­та бор­бе­на ли­ни­ја на бе­гал­ска­та и ми­грант­ска кри­за и ја чу­ва над­во­реш­на­та гра­ни­ца на Евро­па. analiza227-7

Си­те до­ма, За­ев во Гр­ци­ја

Отка­ко му „учи­ни“ на Со­рос, на „ча­до­рот“, на Ал­бан­ци­те и си­те оста­на­ти, За­ев са­мо­за­до­вол­но си се по­ве­ќе во сво­е­то све­ти­ли­ште во Гр­ци­ја. Ха­ци­ен­да­та има очиг­лед­на ис­це­ли­тел­ска моќ за мур­тин­ски­от спа­си­тел, кој оче­биј­но е црп­нат од Со­рос и оста­на­ти­те со по­ви­со­ка цел. По­ви­со­ка за си­те, освен за Ма­ке­до­ни­ја и Ма­ке­дон­ци­те. Не­го­во­то „го­сту­ва­ње“ во Гр­ци­ја, ка­де што, всуш­ност, тој е до­ма, се по­го­ди со ре­ди­ца ан­ти­ма­ке­дон­ски по­ра­ки, ме­ѓу нив и онаа на Ко­ѕи­јас. Ели­нот, оси­лен од про­сто­рот кој го соз­да­де ток­му За­ев со но­ва­та по­стиз­бор­на по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја, ре­зул­тат на не­го­ви­от не­при­сто­ен пред­лог кон Ал­бан­ци­те, нѐ по­тсе­ти де­ка без „ре­ше­ние за име­то не­ма НА­ТО и ЕУ“. Сле­ду­ваа глу­по­шти­ни­те на Да­чиќ, кој за­бо­ра­ви на ре­ак­ци­и­те на Ма­ке­дон­ци­те при поп­ла­ви­те во Ср­би­ја, во исто вре­ме ко­га не­го­ви­от нај­го­лем „душ­ман“ Ра­ма ни под­го­тву­ва­ше „со­ве­то­да­вен до­ку­мент“. Во­да­та им ја пу­шти еден Ма­ке­до­нец, кој ба­рем та­ка се дек­ла­ри­ра, а за кој на со­ци­јал­ни­те мре­жи ве­ќе има ини­ци­ја­ти­ва да си го сме­ни име­то во Агим (Зо­ран и Агим има­ат исто оно­ма­стич­ко зна­че­ње и оз­на­чу­ва­ат ра­ѓа­ње на де­нот).  

Никовски: Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си

Analiza-65-Risto-NikovskiПос­лед­ни­ве две и пол го­ди­ни, 25-го­диш­ни­те гол­го­ти на Ма­ке­до­ни­ја го до­жи­ву­ва­ат сво­е­то фи­на­ле. Та­ка е за­мис­ле­но и исп­ла­ни­ра­но, ве­ли по­ра­неш­ни­от др­жа­вен се­кре­тар во МНР и ам­ба­са­дор Ри­сто Ни­ков­ски, кој по­тен­ци­ра де­ка зем­ја­та е фр­ле­на на ко­ле­на со единс­тве­на цел де­фи­ни­тив­но да се пре­кр­сти, на­ро­дот раз­не­би­ти и та­ка да се за­тво­ри ве­ков­но­то „ма­ке­дон­ско пра­ша­ње“. Никовски: Тоа е дол­го­го­диш­но­то аме­ри­кан­ско сце­на­рио, се­срд­но по­мог­на­то од до­маш­ни­те пет­то­ко­ло­на­ши. Зо­ран За­ев е гла­вен ва­зал на стран­ски­те ин­те­ре­си, со што ѝ на­не­су­ва исто­ри­ска ште­та не са­мо на др­жа­ва­та, ту­ку и на сво­ја­та пар­ти­ја од ка­де што, пак, за жи­во чу­до, ни­кој не се ди­стан­ци­ра од не­го­ви­те по­ли­тич­ки не­бид­ни­ни. Про­сто е не­ве­ро­јат­но што ед­на пле­ја­да на ум­ни и спо­соб­ни лич­но­сти од не­го­ва­та пар­ти­ја не­ма­ат свест и со­вест да ре­а­ги­ра­ат де­ка дво­ја­зич­ност има са­мо во фе­де­ра­ции, де­ка над­град­ба на Охрид­ски­от до­го­вор, кој го уни­шти ма­ке­дон­ски­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та, е са­мо­у­бис­твен чин, де­ка… Нив­на­та па­сив­ност не мо­жат да ја оправ­да­ат гре­шки­те на до­се­гаш­на­та власт. Тие мо­ра да го ар­ти­ку­ли­ра­ат сво­е­то чув­ство за др­жа­ва­та, кое се­ка­ко го има­ат, мо­ра­ат да троп­нат на ма­са де­ка ли­де­рот за­ски­тал, де­ка не знае што збо­ру­ва и ве­ту­ва… до­де­ка не е доц­на за си­те. Не мо­ра да гла­са­ат за по­ли­тич­ки­от ри­вал, ама има по­ве­ќе на­чи­ни да по­ка­жат де­ка се ту­ка и де­ка ги гле­да­ат по­губ­ни­те акро­ба­ции. Ина­ку, мол­че­ње­то зна­чи де­ка се сог­ла­су­ва­ат со по­ли­ти­ки кои се на ли­ни­ја на нај­ек­стрем­ни­те го­ле­мо­ал­бан­ски по­зи­ции. Во да­де­ни­те (не)ус­ло­ви опо­зи­ци­ја­та, мо­же­би, при­вре­ме­но не­што и ќе ќа­ри, ама са­мо на сме­тка на ин­те­ре­си­те на др­жа­ва­та, а се­гаш­ни­те не­ум­но­сти, дол­го­роч­но – пре­ска­по ќе нѐ чи­нат си­те. Из­ја­ви­те де­ка тие не се па­три­от­ска пар­ти­ја ка­жу­ва­ат сѐ. Нор­мал­но е во ва­кви (не)при­го­ди си­те за­ин­те­ре­си­ра­ни да се на но­га. Ал­бан­ци­те пр­ви. Ма­сов­но учес­тву­ваа во краж­ба на из­бо­ри­те за да не ус­пее вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја и, па­ра­лел­но, во склоп на аме­ри­кан­ски­те за­мис­ли, ги ис­по­ра­чаа сво­и­те го­ле­мо­ал­бан­ски апе­ти­ти за фе­де­ра­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та. Тоа е фи­ли­гран­ска опе­ра­ци­ја. ЦИА, обич­но, бес­пре­кор­но пла­ни­ра. Иа­ко из­гу­би­ја се­дум пра­те­нич­ки ме­ста, Ал­бан­ци­те се ви­стин­ски по­бед­ни­ци на из­бо­ри­те. Тие од­лу­чу­ва­ат кој ќе вла­дее. Со отво­рен ди­ктат на Ти­ра­на, зад ко­ја се крие Ва­шин­гтон, на фа­ши­зо­и­ден на­чин тие ќе се обе­ди­ну­ва­ат про­тив Ма­ке­дон­ци­те! Ах­ме­ти и по­сит­ни­те од не­го, одеј­ќи на „ба­ци ра­ка“ кај Ра­ма, по­ка­жаа де­ка се пи­о­ни во ту­ѓи ра­це и „Тро­јан­ски ко­њи“ во на­ша­та по­ли­ти­ка. До­бро е што кар­ти­те се отво­ри­ја, ама пра­ша­ње е да­ли не­кој, ка­ко За­ев, мо­же да го сфа­ти тоа. Прв­пат и Гр­ци­ја е под си­лен аме­ри­кан­ски при­ти­сок – Ма­ке­до­ни­ја што по­ско­ро да се пре­кр­сти за да вле­зе во НА­ТО и да се за­тво­ри овој про­стор за Ру­си­ја. Ати­на мо­ра да глу­ми под­го­тве­ност за ре­ше­ние иа­ко тоа не ѝ па­ѓа ни на крај па­мет во да­де­ни­те та­мош­ни си­ту­а­ции. За­тоа из­мис­ли­ја „гра­де­ње мер­ки за до­вер­ба“, без ни­што кон­крет­но да се слу­чу­ва и, де­мек, има­ле пред­ло­же­но по­ве­ќе ре­ше­ни­ја и, бо­жем, че­ка­ле од­го­вор од нас. Би­де­те уве­ре­ни де­ка ни­што не оче­ку­ва­ат, освен да по­ка­жат де­ка по­се­та­та на Оба­ма на Ати­на не би­ла не­ус­пеш­на и де­ка проб­ле­мот е кај нас, а не кај нив. Или, ако е та­ка, кај е ту­ка Ни­миц, со ко­го Ко­ѕи­јас се сре­ќа­ва­ше во Лу­ксем­бург? Ла­га до ла­га, блеф до блеф. Се­пак, и ако е та­ка, а та­ка изг­ле­да, во пра­ша­ње е се­ри­о­зен и до­да­тен при­ти­сок и врз нас. Срп­ско­то пов­ле­ку­ва­ње на приз­на­ва­ње­то на устав­но­то име мо­ра да се ана­ли­зи­ра мул­ти­дис­цип­ли­нар­но. Зо­што баш се­га е пр­во­то пра­ша­ње? Факт е де­ка ние це­ло вре­ме кон Ко­со­во во­ди­ме ал­бан­ска и аме­ри­кан­ска по­ли­ти­ка, а не ма­ке­дон­ска, и срп­ски­те ин­те­ре­си ги иг­но­ри­ра­ме. Ар­но ама, тоа трае дол­го вре­ме. Де­ка сле­ду­ва но­во гла­са­ње во УНЕ­СКО во­оп­што не е од­го­вор. По­ло­гич­но е да се сме­та де­ка Бел­град про­це­нил (а има од­лич­ни тај­ни служ­би) оти кај нас со­стој­би­те ќе се за­о­стру­ва­ат та еве и тој, не са­мо Ти­ра­на, це­лос­но не ја приз­на­ва др­жа­ва­та и си др­жи отво­ре­ни оп­ции. Ова мо­ра да ни би­де се­ри­оз­на опо­ме­на. Ло­гич­но е да се оче­ку­ва, штом ќе се фор­ми­ра вла­да­та, и Со­фи­ја вед­наш да се ја­ви со сво­и­те ба­ра­ња.
Пишува: Љупчо Цветановски (Текст објавен во 227. број на неделникот „Република“, 6.1.2017)

Укинати забраните за камиони на Стража и Плетвар

$
0
0

sneg-pat-2

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на Стража и Плетвар се укинати, информира ЈП Македонијапат. Оттаму прецизираат дека забраната за сообраќај е укината во 12:10 часот.
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live
<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>