Quantcast
Channel: rsm.mk
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live

Брдариќ промовиран во тренер на Шкендија

$
0
0

brdaric

Германскиот фудбалски стратег Томас Брдариќ е назначен за нов тренер на македонскиот вицешампион Шкендија. 41-годишниот стратег со екипата од Тетово потпиша договор до јуни 2018 година, со можност истиот да биде продолжен. Пред доаѓањето во Шкендија, Брдариќ ги има водено екипите на Штајнбах и Унион Солинген, а беше и на клупата на вториот тим на Волфзбург.

Грот го продолжи договорот со Ѓер до 2019 година

$
0
0

grot

Холандската ракометарка Корнелија Грот, го продолжи договорот со унгарскиот шампион Ѓер до 2019 - та. Грот сезонава игра во одлична форма, а на последното Европско Првенство во Шведска, се закити и со МВП наградата. Претходно, во 2016 нови договори со Ѓер потпишаа и норвешката голманка Кари Гримзбо, како и Ивет Брох, Јана Кнедликова и Бони Бернадет.

Мурињо: Не можам да одберам кој е најдобриот фудбалер кој што сум го тренирал

$
0
0

jose_mourinho_1773090b

Тренерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо не може да се определи кој бил најдобриот фудбалер кој некогаш го тренирал. „Досега постојано одбивав да дадам одговор на тоа прашање и на тоа останувам. Толку многу играчи го оставија срцето и душата играјќи за мене, како некои да ги именувам, а другите да ги изоставам? Витор Баиа, Хулио Цезар, Петр Чех... Како да изберам само еден? Жорж Коста, Марко Матераци, Рикардо Карваљо, Џон Тери, Валтер Самуел... Како да изберам само еден? Мишел Есиен, Френк Лампард, Весли Снајдер, Немања Матиќ, Костиња, Маниче, Чаби Алонсо... Како да изберам само еден? Мислам дека никогаш нема да имам одговор на тоа прашање, бидејќи нема да ги заборавам моите браќа, ниту еден од нив“ - изјави Мурињо.

Теса Ворли е победничка на велеслаломот во Марибор

$
0
0

worley-sestriere

Теса Ворли е победничка на 6 – от велеслалом сезонава во Светскиот куп во Алпско скијање кој што се возеше во словенечки Марибор. Французинката стигна до победата со вкупно време од 2:16.96 стотинки, што беше за 16 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка Софија Гоџија. Подиумот го надополни Лара Гут од Швајцарија со заостанување од 25 стотинки зад времето на победничката. Во генералниот пласман Микаела Шифрин е прва, пред Лара Гут и Теса Ворли.

Ограбени две цркви во Маврово

$
0
0

crkva

Непознати сторители, ги ограбиле црквите Св. Никола во селото Маврово и Св. Кирил и Методиј во Маврови Анови и ги однеле доброволните прилози на верниците. Според СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, тешките кражби најверојатно се случиле во периодот од полноќ, па до утрово на речиси идентичен начин. Во објектите е влезено со кршење на катинарите на влезните врати, а потоа биле разбени и кутиите во кои се собираат парични прилози. Од првичните сознанија, од црквата Св. Никола украдени се околу 7.000 денари и педесетина евра, а од Св. Кирил и Методиј околу 7.000 денари. По увидот, најдени се траги кои се предадени на вештачење, а полицијата трага по сторителите.

Во Полска 10 лица починаа од студ, во Турција откажани 500 летови поради снежно невреме

$
0
0

sneg-pat-vozila

Во последните два дена во Полска десет лица починаа од студ, а во Истанбул е прекинат воздушниот и водниот сообраќај. Според полскиот Центар за безбедност, прво биле пријавени седуммина починати поради замрзнување, а подоцна се регистрирани уште три лица. Вкупниот број на жртви кои починале од хипотермија од 1 ноември досега достигна 53 лица. Студениот бран доведе и до смрзнување на одредени региони, а температурата се спуштила и до минус 14 степени. Во Турција снежните врнежи го блокираа Истанбул, околу 500 авионски летови се откажани поради лошите временски услови, а во прекин е и водниот сообраќај. Во текот на ноќта снежната покривка во Истанбул достигна до 40 сантиметри и предизвика хаос на патиштата поради граѓаните кои сакале да заминат од градот за време на викендот.

Погба: Отсекогаш му се восхитував на Зинедин Зидан

$
0
0

pogba 2

Членот на Манчестер Јунајтед Пол Погба изјави дека отсекогаш му се восхитувал на Зинедин Зидан. „Едноставно му се восхитувам. Кога бев помлад, ги гледав снимките, гледав како игра. Ги сакам големите играчи, но секогаш има некои кои имаат нешто екстра. На теренот секогаш има 22 играчи, но вие гледате само двајца. Така беше и со Зидан, така беше и со Роналдињо. Отсекогаш го гледав Зидан и неговиот начин на игра“ - изјави Погба.

Палмарсон: Би требало да сум спремен за Мундијалот во Франција

$
0
0

palmarson

Најдобриот играч на исландската ракометна репрезентација Арон Палмарсон, смета дека ќе биде подготвен за Мундијалот во Франција. „Добив инекција пред три дена и ситуацијата се одвива во позитивен правец. Телото ми ги издржува напорите, тренирам без проблеми и доколку нема компликации в понеделник ќе летам за Данска, таму ќе се сретнам со остатокот од репрезентацијата и заедно ќе отпатуваме за СП во Франција. Како што стојат работите во моментов, би требало да сум „фит“ за стартот на Светското Првенство“ – изјави Палмарсон.

Укината забраната за камиони на Деве Баир

$
0
0

screenshot_1

На патниот правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир е укината забраната за тешки товарни возила. Претходно беа укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на Стража и Плетвар.

Џошуа: Ќе го победам Кличко

$
0
0

josua

Младиот Британец, Ентони Џошуа пред борбата со ветеранот Владимир Кличко е сигурен во својата победа. „Ќе бидам легенда по бирбата. Во моментов сум шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), но наскоро ќе влезам во историјата. Нема да го победам само Кличко, туку ова е само почеток на една моја долга серија. Ова е почеток на една легендарна кариера“ - изјави Џошуа.

Укината забраната за камиони на правецот Кочани-Делчево

$
0
0

132342203

Забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево е укината. Забрана за движење на тешки товарни возила има на  планинскиот премин Плетвар, како и на патниот правец Маврово – Дебар.

Македонија утрово со -28, негативни температури и во текот на денот

$
0
0

sneg-stud

Најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје. Нови врнежи од снег не се забележани, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово. Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени. Времето утре ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Најниската утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени. Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -19 до -8. Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.

Истанбул: Напаѓачот идентификуван како Абдулгади Машарипов

$
0
0

133510475

Турската полиција успеа да го утврди идентитетот на напаѓачот на ноќниот клуб „Реина“ за време на новогодишната прослава, кога се убиени 39 лица, објави весникот „Дејли сабах“. Весникот посочува дека најверојатно напаѓачот е Узбекистанецот, Абдулгадир Машарипов, познат како Абу Мухамед Хорасан. Турската полиција интензивно трага по осомничениот, кој се уште е во бегство. Истрагата утврди дека напаѓачот сменил шест саржери и испукал повеќе од 180 куршуми. Турски официјални лица претходно соопштија дека е утврден идентотетот на напаѓачот, но не го открија неговото име, а медиумите објавија фотографија на Јехе Машпаров, роден на 2. август 1988 година во Киргистан. за кого веруваа дека е извршител на нападот.

Пике под закана од суспензија

$
0
0

pike

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике се наоѓа под суспензија.Шпанскиот фудбалски сојуз против него покрена истрага поради коментирање на арбитарот на мечот од Купот на Кралевите против Атлетик Билбао. Барселона е поразена со 2:1, а Пике по мечот го нападна судијата, Фернандез Борбалан, сметајќи дека не досудил два чисти пенали за неговиот состав.

Левандовски одби понуда од Кина

$
0
0

robi

Агентот на полскиот фудбалски напаѓач, Роберт Левандовски потврди дека неговиот клиент добил понуда од Кина, која му нуди повеќе од 40 милиони по сезона за да се пресели во Суперлигата. Засега не се споменуваат имиња на клубови, но се зборува за вртоглавите цифри, кои на крај Левандовски реши да ги одбие и да продолжи со кариерата во Баерн Минхен.

УЈП: Рокот за пријавување добивка над милион денари до 15 јануари

$
0
0

20130701
 Monday
 1313
 ujp

Најдоцна до 15 јануари истекува рокот за поднесување пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност од страна на даночните обврзници – правни и физички лица, кои во претходната календарска година, заклучно со месец декември 2016 година, од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари. Во истиот рок, како што велат од УЈП, пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец „ДДВ-01“) можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност. Пријавата „ДДВ-01“ може да се преземе преку веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави: по пошта; лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник); или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk. Од УЈП потсетуваат дека даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувања на лица кои вршат оданочива стопанска дејност. За повеќе информации достапна е најновата брошура за „Регистрација, пријавување и плаќање на данокот на додадена вредност“ (http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8).

Билиќ пред отказ

$
0
0

bilic

Според англиските медиуми, управата на лондонскиот фудбалски клуб Вест Хем е разочарана од односот на играчите на дуелот со Манчестер Сити,а на мета сега е Славен Билиќ кој има две недели да докаже дека заслужува да остане на клупата на оваа екипа. Билиќ врза три победи во серија, но тие брзо беа заборавени по трите последователни порази и повторно е мета на критики. Според весникот „Сан“, Билиќ се наоѓа пред отказ,а добил и ултиматум од управата да се подобрат резултатите во наредните две недели или ќе добие отказ.

Деле Али интересен за Реал Мадрид и Барселона

$
0
0

12

Шпанските фудбалски гиганти Барселона и Реал Мадрид тргнаа по еден ист играч. Тоа е Деле Али од Тотенхем кој се најде на мета на двата најдобри клуба во светот. Според информациите од Шпанија, „кралскиот клуб“ прв покажал интерес за ѕвездата од Премиерлигата, но потоа веднаш се вклучиле и каталонците. Од Тотенхем најавуваат дека нема да го продадат за сума помала од 70 милиони фунти.

Казорла и Мертесакер ги продолжуваат договорите со Арсенал

$
0
0

santi

Санти Казорла и Пер Мертезакер веќе одредено време се во аут поради повреди, но тоа нема да влијае врз нивната иднина во Арсенал, а тоа го потврди предводникот на „топчиите“ Арсен Венгер. Искусниот асови се поврзуваат со враќање во своите земји, Казорла е на мета на Атлетико Мадрид, а Мертезакер со Вердер Бремен и Хановер. Меѓутоа Венгер нема немера да се откаже од нивните услуги и верува дека ќе биде продолжена соработката барем на уште една сезона.

Евертон плати рекордни 12,9 милиони евра за фудбалер од третата лига

$
0
0

everton

Раководството на Евертон за продолжението на сезоната, во своите редови го доведе Адемола Лукман, кој настапуваше во третата лига на Англија, во тимот на Чарлтон. По две сезони поминати во дресот на Чарлтон, тој за сума од 12,9 милиони евра премина во редовите на „карамелите“.Младиот Лукман настапува на средината на теренот, а подеднакво добар е и на левата крилна позиција. За тимот на Чарлтон во текот на двете сезони настапи на 45 натпревари и постигна 10 гола.
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>