Quantcast
Channel: rsm.mk
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live

Најдобрата словенечка скијачка Тина Мазе се пензионираше

$
0
0

tina

Најтрофејната скијачка на Словенија, Тина Мазе и официјално стави крај на својата богата кариера. Таа беше дел од велеслаломска трка на домашен терен во Марибор и со стил се збогува од своите навивачи. На половина од патеката застана за да се поздрави со својот сопруг и тренер Андреа Маси, за потоа застана пред целната линија. Ги соблече скиите, ги зема во рака и со чекори ја мина целта за голема ерупција на трибините.Тина Мазе има 26 победи во Светскиот куп, а во 2013 го освои и големиот кристален глобус. Се закити со четири олимписки медали, две златни во Сочи во 2014 и две сребрени во Ванкувер во 2010 година. Таа има и четири златни и пет сребрени медали од светските првенства.

ИД ја презеде одговорноста за нападот во Багдад

$
0
0

isis

Одговорноста за нападот со автомбил-бомба во Багдад при што загина 13, а повредени се околу 50 лица, ја презеде Исламска држава. Нападот се случи на пазар во област Јамила, источен дел на Багдад, претежно населен со шиити. Портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи изјави дека полицаец го забележал напаѓачот и отворил оган, но не успеал да го спречи нападот. Според него, меѓу жртвите најмалку шестмина се цивили.

Најмалку четворица Португалци загинаа во сообраќајна несреќа во Франција

$
0
0

133517542

Автобус кој превезуваше патници, рано изутринава околу четири часот и триесет минути излета од Националниот пат број 79. Во несреќата загинаа  четири португалски државјани, а дваесет и седум други беа повредени од кои тројца потешко, јави дописникот на МИА од Париз. Според информациите на префектирата автобусот се движел кон Швајцарија. Несреќата се случила непосредно пред вијадуктот Шароле, на патот  Центар Европа Атлантик која поминува низ Франција од исток кон запад, кој се смета дека е еден од најопасните во Франција. Излетувањето од патот на автобусот се должи најверојатно на замрзнатио коловоз, по студениот дожд, што паѓаше во текот на ноќта во регионот. На настраданите им помогаа седумдесет и пет пожарникари и медицински персонал. На 29 март 2016, дванаесет португалски државјани од Швајцарија загинаа во судир на комбе со камион на истиот овој пат, но во Алие. Синоќа се случи и верижен судир на камиони на автопатот А31 кај Селонге, во кој едно лице загина.

Жител на Сопот почина во пожар

$
0
0

pozar-kukja

Ж.П. (58) ОД светиниколското село Сопот почина во пожар кој настанал во помошна просторија во дворот од неговата куќа. МВР информира дека пожарот избувнал вчера околу 9 и 30 часот. При  гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициска станица-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на доктор, како последица на карбонификација без знаци на насилство. Телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Рекордно ниска температура измерена утрово во Македонија

$
0
0

studen-bran-640x427

– Најстудено со минус 28 степени утрово било во Берово. Според УХМР следи -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе и Крива Паланка, -22 Тетово и Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип и Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште и Тополчани, -18 Струмица, -17 Демир Капија, -16 Охрид и Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија и -17 во Скопје. Нови врнежи од снег не се забележани, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово. Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени. min_temp_08-01-2017-1 Времето утре ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Најниската утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени. Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од -19 до -8. Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.

Поради чистење снег затворен за сообраќај магистралниот пат Крупиште-Штип

$
0
0

132356157

Магистралниот пат А3 од село Крупиште кон Штип од 12 часот ќе биде затворен за сообраќај во времетраење од околу 30 минути поради чистење на снег, информира АМСМ. Оттаму потсетуваат дека е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кочани – граничен превој Делчево и е нормализиран сообраќајот на патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси. Од 04:50 часот овој патен правец е прооден за сите видови возила. Забрана за движење натешки товарни возила се уште има на планинскиот премин Плетвар и на патниио правец Маврово – Дебар, а затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, додека поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп - Витолиште. Отежнат сообраќај поради наноси од снег има и на патниот правец Куманово – Крива Паланка. Сообраќајот на остатнатите државни патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија пат. АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

УХМР со нова прогноза: Еве какво време не очекува до сабота (ФОТО)

$
0
0

vremenska

Снежна покривка до изутрина (во см.): 8 Претор, Д. Капија, 9 Струмица, Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип, Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Кр. Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране, 78 Маврово. Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2): 1 Битола, Прилеп. Времето денес: Променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег особено кон крајот на денот на североисток. Ќе дува умерен северен ветер, само вдолж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени. Метеоролошки параметри за Скопје: Tемпература: -8 °C, P= 984 hPa, U= 54 %, V= 5 m/s. vremenska До вторник ќе се задржи променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест утре од вечерните часови. Во вторник ќе има повремени врнежи од снег и се уште ќе дува северниот ветер, но ќе биде послаб. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд. gfdsg

Димитров е победник на турнирот во Бризбејн

$
0
0

asparuh

Бугарскиот тенисер, Григор Димитров, е победник на АТП турнирот во Бризбејн, откако во финалниот дуел со 2-1 во сетови (6-2, 2-6, 6-3) беше поуспешен од најдобриот јапонски тенисер и петти на светот, Кеи Нишикори. За Димитров ова е прв трофеј во новата сезона, а исто така и прва победа над Нишикори во досегашните пет дуели.

Најмалку пет луѓе загинаа при експлозија на автомобил-бомба во близина на Дамаск

$
0
0

DARAA, SYRIA - OCTOBER 31: A wiev of the southern Syrian city of Daraa on October 31, 2013. Free Syrian Army (FSA) fighters who have taken control of the large part of Daraa city, reportedly move towards the inner parts of the country. (Photo by Stringer/Anadolu Agency/Getty Images)

Пет лица загинаа, а 15 се повредени при експлозија на автомобил-бомба во западната сириската провинција Дамаск, јави сириската новинска агенција САНА. Автомобилот-бомба бил активиран во селото Бејт Џина. Едно лице од 15 повредени е во тешка здраствена состојба. Се ушти нуиту една група не презеде одговорност за нападот.

Поради повреда Сабине Лисицки го откажа настапот на “Австралија Опен”

$
0
0

lisicki

Германската тенисерка Сабине Лисицки ќе го пропушти првиот Грен слем турнир оваа година, Австралија опен. Лисицки со месеци има проблеми со рамото и не настапи на ниту еден подготвителен турнир. 27-годишната Германка, која во овој момент е на 92. место на ВТА ранг-листата, се надоврза на откажувањата претходно на Викторија Азаренка, Петра Квитова и Медисон Кис .

Понуда од Атлетико Мадрид за Алексис Санчез

$
0
0

aleksis

Алексис Санчез по се судејќи не сака да го продолжи договорот со Арсенал, па се очекува во летниот преоден рок да биде една од трансфер „бомбите“ на фудбалскиот пазар.Се знае одамна дека тој е желба на Јувентус, а исто така сериозно е заинтересиран и ПСЖ. Исто така шпанските медиуми пренесуваат дека Диего Симеоне го означил Чилеанецот како примарна цел во случај да си замине Антоан Гризман. На Чилеанецот во овие моменти не му се важни парите. Арсенал му нуди 200.000 фунти неделно за да остане, Кинезите и многу повеќе, меѓутоа Санчез сака да победува и да освојува трофеи, поради што добро ќе размисли за својот следен чекор.

Најмалку три жртви во напад со камион во Ерусалим

$
0
0

5184

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од десет се повредени откако камион удри во пешаците во Стариот град во Ерусалим. Камионот удрил во група војници, кои само што слегле од автобус. Тоа е терористички напад, изјави портпаролката на полицијата. Израелскопто радио јави дека возачот на камионот е застрелан.

Гвардиола купува од Билбао

$
0
0

Bayern head coach Pep Guardiola of Spain gestures during the German soccer Bundesliga match between FC Schalke 04 and Bayern Munich at the arena in Gelsenkirchen, Germany, Saturday, Sept. 21, 2013. Schalke was defeated by Bayern with 0-4. (AP Photo/Martin Meissner)

Пеп Гвардиола има многу проблеми во одбраната, а решението за неговите главоболки чини 60 милиони евра.„Дејли Мирор“ тврди дека Манчестер Сити е повторно заинтересиран за стоперот на Атлетик Билбао, Ајмерик Лапорте. Одамна се знае дека тој е голема желба на Пеп Гвардиола, кој не успеа да го доведе летоска бидејќи Лапорте го продолжи договорот со Баскијците. Мета беше Ван Дајк, но Саутемптон не сака да го продаде, а освен тоа, Холанѓанецот го сакаат сите поголеми тимови во Премиер лигата, што ја отежнува работата на „Граѓаните“.

Франција во 2016 година спречи 24.000 кибер напади врз одбранбениот систем

$
0
0

25022015174941_cyber-attack-hacker-14149

Во 2016 година спречени се 24.000 кибер напади врз фрацускиот одбранбен систем, што претставува „удвојување на нападите секоја година“ изјави  министерот за одбрана, Жан Ив Ле Дриан во интервјуто за „Журнал ди Диманш“. Како што јави дописникот на МИА од Париз, Дриан посочи дека откако ја презел функцијата во 2012 година, а особено во последните три години, кибер заканата стана поголема, поради што е ангажирана и француската армија. Извештајот на американските разузнавачки служби ја обвини Русија дека се извор на хакерски криминал против демократите за време на претседателските избори. На прашањето дали Франција е безбедна од слични напади, министерот за одбрана одговори: - Не смееме да бидеме наивни. Не може да се исклучат операции од иста природа како оние забележани во САД, со цел да го нарушат францускиот изборен процес, наведе Дриан. Претседателските избори во Франција ќе се одржат во април и мај оваа година. - Обидите  за кибер напади врз мојата служба (одбраната), се удвојуваат  секоја година, посочи министерот, прецизирајќи  дека во 2016 година, 24.000 надворешни напади биле блокирани од страна на фрацуските безбедносни служби.

Укината забраната за лесни возила на патниот правец Прилеп-Витолиште

$
0
0

pat-sneg

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Витолиште е нормализиран за лесни возила со задолжителна употреба на зимска опрема. Сообраќајот беше во прекин поради намети од снег.

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

$
0
0

132709122

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количини енергија, информира директорот на АД ЕЛЕМ Христијан Мицкоски. Тој додаде дека во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето произвоство го има натфрлено за 10,9 проценит и во целост одговори на потребите на граѓаните и индустријата. Како што посочи деновиве откако е зафатена земјава со студен бран потрошувачката на енергија е зголемена за 10-тина проценти во однос на вообичаената потрошувачка за овој период од годината. АД ЕЛЕМ, потенцира, дека во целост ги има ставено на располагање сите свои производствени капацитети.кои работат, а хидроелектраните се во резерва и, како што посочи, доколку дојде до  зголемување на конзумот, односно потребите на потрошувачите ќе бидат ставени во функција и ќе одговрат на потребите на потрошувачите - Ние сме сега пред еден сериозен предизвик и не само ние, туку и цела Европа. Имаме вонредни временски прилики при што во текот на вечерва температурата во Македонија падна и под 25 степен под нулата, во Скопје беше околу -23. Сите чинители во електроенергетскиот систем сме подготвени. Ќе го пратиме конзумот, потребите на граѓаните и индустријата и соодветно на нивните потреби и така ќе одговараме, рече дирекиторот на АД ЕЛЕМ.

Реал Мадрид го договори првото засилување во јануари

$
0
0

andre

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид според информациите од Шпанија веќе го доведе своето прво засилување во јануарскиот преоден рок.Станува збор за играчот на Порто Андреа Силва за кој "кралевите" ќе платат 58 милиони евра напортугалскиот тим. Андре Силва во Мадрди ќе пристигне на почетокот на летото бидејќи Реал Мадрид во моментот е под забрана на трансфери од страна на ФИФА.

ФК Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

$
0
0

vardar

Македонскиот фудбалски првак, екипата на Вардар, ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ го имаа првиот собир во тренинг-центарот во Хиподром, а Гоце Седлоски ги имаше на располагање сите фудбалери на првата прозивка. Од новајлиите за првпат во новата средина беше Бесир Демири, додека од младинците на теренот се најдоа Личина, Димков и Стојчевски. Вардар ќе тренира во Скопје до 20. јануари, а потоа ќе следи заминување во турска Анталија. foto:gol.mk

Челзи го враќа Аке

$
0
0

ake

Лондонскиот фудбалски клуб Челси потврди дека е одлучено на „Стемфорд бриџ“ да се врати младиот фудбалер Нејтан Аке. Аке во првиот дел од сезоната беше на позајмица во Бурнемаут каде одигра одлични натпревари по што го воодушеви тренерот Антониот Конте кој побара веднаш да биде вратен во Лондон. Холандскиот фудбалер во дресот на Бурнемаут одигра 12 натпревари притоа постигнувајќи и три гола.

Шифрин со нова победа

$
0
0

sifrin

Американската скијачка Микаела Шифрин успеа да победи на слаломот од Светскиот куп во Марибор и покрај тоа што помина преку скијачка врата која се тркалаше по патеката. Шифрин водеше со 19 стотинки од секундата кога се скрши вратата, по што успеа да остане на патеката и да ја врати предноста и да победи со идентични 19 стотники пред Швајцарката Венди Холденер. Фрида Хансдотер беше трета со 0.31 секунди послабо време.Ова беше 27.победа во кариерата за Шифрин. Шифрин има убедлива предност и во генерален пласман со 948 поени пред Лара Гут со 643 и Французинката Теса Ворлеј со 563. Во слалом, Шифрин има 500 поени, 110 повеќе од Вероника Велез Зузулова.
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>