Quantcast
Channel: rsm.mk
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live

Попладне со услови за слаб снег

$
0
0

snowing-in-the-city

Во Македонија попладне и во вечерните часови , локално постојат услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер. Максималните температури ќе бележат благ пораст во однос на вчерашните и ќе се движат од -13 до -4 степени. Во Скопје попладне  услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до -8 степени.

„Ла ла ленд“ освои рекорден број на „Златни глобуси“

$
0
0

e-r

„Ла ла ленд“ , мјузиклот на Демијан Шазел, победи во категоријата „мјузикл или комедија“ на синоќешното доделување на годинешните награди „Златен глобус“, а пак, филмот „Месечева светлина“ на режисерот Бери Џенкинс е прогласен за најдобра драма за изминатава 2016 година. На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес, домаќин беше водителот Џими Фалон.„Ла ла ленд“ победи во рекордни седум категории и тоа - најдобар мјузикл, режија, сценарио, филмска музика, најдобра песна, како и за машка и женска главна улога, одиграни од Рајан Гослинг и Ема Стоун. emma-ryan Филмот „Ели“ на Пол Верховен, според жирито, е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а пак „Зоотопија“ е најдобар анимиран филм. Наградата за животно дело насловена „Сесил Б. де Мил“ ја доби Мерил Стрип, која не пропушти на својот говор да му даде и политичка боја, имплицитно критикувуајќи го идниот претседател на САД, Доналд Трамп. meril

Иванов му го врачи мандатот за состав на влада на Груевски

$
0
0

ivanov-gruevski

Претседателот Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на влада на Република Македонија на Никола Груевски, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател. Рокот кога претседателот Иванов требаше да го довери мандатот за формирање влада на кандидат на партијата, односно партиите што освоија најголем број мандати на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година, беше до денеска. Деветтиот македонски парламентарен состав, кој има 120 народни избраници, се конституираше на 30 декември минатата година. Најмногу пратеници има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51. Коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА - 2. Во овој парламентарен состав нема народни избраници од дијаспората поради недоволен број освоени гласови. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Претседателот Иванов викендов одговарајќи на новинарско прашање кога и на која партија ќе и го додели мандатот за формирање влада со оглед на тоа што тече рокот, рече дека ќе постапи како што е наведено во Уставот. Премиерот за спроведење на изборите Емил Димитриев, пак, на новинарско прашање за тоа дали очекува да биде запазен крајниот рок за доделување на мандатот, рече дека очекува целата процедура да биде во утврдените рокови согласно законите. ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, на 7 јануари ја објавија заедничката платформа која ќе биде нивна основа во преговорите за создавање на нова влада. Заедничката политичка агенда на трите партии предвидува целосна јазична еднаквост, односно употреба на албанскиот како официјален јазик, економска рамноправност, решавање на спорот за името со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција, како и брза интеграција во НАТО и во Европската Унија.

ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија

$
0
0

index

Откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го предаде мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за составување нова влада, Европската унија излезе со повторен став дека очекува „брзо формирање на нова влада“, јави дописникот на МИА од Брисел. Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич го повтори ставот на неформалната Влада на ЕУ, даден уште ден по македонските парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.
            
- Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов, потенцираше Коцијанчич.
Овој став за изборите во Македонија претходно го искажаа и Федерика Могерини и Јоханес Хан, потпретседателката и комесарот на Еврокомисијата, кои исто така побараа „идната опозиција да игра конструктивна и активна улога во македонскиот Парламент

Македонските ракометари денеска заминуваат за Франција

$
0
0

rakometari

Македонската ракометна репрезетнација вечерва со автобус од Скопје до Софија ќе ја започне својата Мундијалска авантура. Како што е познато, крајната наша дестинација е Мец, каде што се очекува да пристигнеме утре околу пладне.Во вечерните часови ќе го одработиме првиот тренинг и ќе можеме да се запознаеме со салата. Селекторот на ракометарите Лино Червар, заедно со Кире Лазаров, Филип Миркуловски како и директорот на репрезентацијата Чакаревски пред поаѓањето на Мундијалот се обратија пред јавноста. „Подолго време се подтотвувавме за овој настан. Одработивме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Иако не бевме комплетни во Маврово, бидејќи имавме играчи кои што оправдано доцнеа. Најважно од се е што физички, психолошки и тактички добро се подготвивме, а тоа на самите средби ќе се покаже дали е доволно. Заминуваме во една мирна атмосфера и ќе се надигруваме со противниците. Најважно од се е како играчи да му веруваме на селекторот. Мојата амбивија е поголема и потсвесно се надевам дека можеме да се надигруваме со големите репрезентации. Најважно е што ние сме спреми како никогаш до сега. Нема да се предадеме против ниту еден противник и потсвесно треба да размислуваме за победа" изјави капитенот Кире Лазаров. „Драго ми е што има толку новинари. Беа тоа тешки подготовки, како што знаете. Многу работевме во Маврово и во Скопје со голем ентузијазам и волја. Желбата да дадат многу за својата репрезентација е голема. Секој играч даде максимум на подготовките и стварно немам замерки. Ова е нов пат, нов олимписки циклус и полека создаваме нова репрезентација која сонува да настапи на Олимписките игри. Тоа не е можно преку ноќ. Можеби до некаде е добро што не сметаат за аутсајдери во Франција, но, ние нема да излеземе со бело знаме и да се предадеме на теренот. Ќе се бориме до последен момент, тоа е само по себе победа. Доколку оствариме добар резултат тоа ќе биде дополнително добро. Треба да го оставиме срцето на теренот, а ракометарите да прикажат максимална борба" изјави селекторот Лино Червар.

Од денеска можете да се пријавите за манифестацијата „Водици 2017“

$
0
0

bogojavlenie-vodici

Заинтересираните граѓани за учество на манифестацијата „Водици 2017“ од денеска можат да се пријавуваат во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“. Потребно е да однесат лична карта, потврда од спортска медицина и пополнет купон за пријавување, објавен во весникот „Нова Македонија“. Организатор на манифестацијата и годинава е весникот „Нова Македонија, каде ќе се објавуваат купони до 18 јануари. Манифестацијата ќе се одржи кај мостот „Слобода“ во близина на хотелот „Холидеј Ин“. Големиот христијански празник Богојавление-Водици се празнува на 19 јануари, со положување осветен крст во водите на реката Вардар. Светиот крст точно на пладне во водите на реката Вардар во Скопје ќе го фрли архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа и се верува дека тој што ќе го фати ќе го следи благослов и среќа цела година. Празникот се слави уште од вториот век и е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Освен во Скопје, крстови ќе бидат положени и во водите низ останатите градови во државата. Се верува дека со положувањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Со Водици завршуваат т.н. некрстени денови. Богојавление (Водици) - 19 јануари, согласно Законот за празници на Република Македонија, е неработен ден за верниците од православна вероисповед.

Над 50 луѓе починаа од студ во Европа

$
0
0

polar-1-768x512

Поради студениот бран во Западна и Централна Европа починаа најмалку 51 човек. Во Полска вчера се измерени минус 20 степени Целзиусови, а поради хипертермија починаа десет лица. Во петокот и во саботата починаа уште десет лица. Во Чешка од петокот до денес починаа најмалку шестмина бездомници, додека во Италија студениот бран одзеде осум човечки животи, од кои петмина бездомници. Во вчерашната сообраќајна несреќа во Франција поради лошите временски луѓе зафинаа четворица Португалци, а 20 се повредени. Во Украина и во Белорусија, каде температурата се спушти до миунус 20 степени, од студ починаа 13 луѓе.

Изложба „Глорија и Глорија“–Фотографиски есеј на Зоран Шекеров

$
0
0

gloria-i-gloria


Детски викенд во МОБ

$
0
0

snezana1-foto

Македонската опера и балет и после Новодогдишните празници, на својот репертоар ќе продолжи со поставување на  претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот. За таа цел во сабота, 14.01. и во недела, 15.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната претстава  „Снежана и седумте џуџуња“. Најблагородната публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други. „Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последо место.

„Оревокршачка“ во МОБ

$
0
0

%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%be%d0%ba%d1%80%d1%88%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%b0

Македонската опера и балет во месец Јануари 2017, на својот репертоар ќе ја постави популарната претстава „Оревокршачка“. Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман, дејствието го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирала Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени. За таа цел во сабота, 21.01. и во недела, 22.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е веќе закажана популарната „Оревокршачка“. Се надеваме на радост на нашата најмлада публика, иако претставата е приемчива и за останатите возрасти.

Извлечени двојките за четвртото коло во ФА купот

$
0
0

fa cup

Познати се паровите за шеснаесет финалето од ФА купот. Жрепката одлучи бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед да игра со Виган. Двојки за 4.коло: Тотенхем – Викомб, Дерби Каунти – Лестер, Оксфорд – Њукасл/Бирмингем, Вимблдон/Сатон – Кембриџ/Лидс, Плимут/Ливерпул – Вулверхемптон, Саутемптон/Норвич – Арсенал, Линколн/Ипсвич – Брајтон, Челзи – Брентфорд, Манчестер Јунајтед – Виган, Милвол – Вотфорд, Рочдејл – Хадерсфилд, Барнли/Сандерленд – Флитвуд/Бристол Сити, Блекбурн – Барнсли/Блекпул, Фулам – Хал, Мидлсброу – Екрингтон, Кристал Палас/Болтон – Манчестер Сити. Натпреварите ќе се играат од 27 до 30 јануари.

ФОТО: Град Скопје со комбинирани методи за расчистување на улиците и булеварите

$
0
0

zimska-sluzba2-768x508

Продолжуваат активностите на екипите на зимската служба на Град Скопје кои интензивно работат на терен на расчистување на градските улици и булевар. На терен се користат комбинирани методи за чистење на снегот бидејќи поради ниските температури индустриската сол има ефект со – 6 степени целзиусови. Изминативе неколку часа екипите на зимската служба на Град Скопје со механизација ги расчистува булеварите и улиците (чистење на снегот со возила со плуг). zimska-sluzba1 -Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до – 6 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот. Паралално со коловозот, екипи од јавните претпријатија на Градот Скопје работат на расчистување на снегот и мразот од тротоарите и јавните површини. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, соопштуваат од Градот. zimska-sluzba3 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет. zimska-sluzba4

Груевски: Кад­ров­ски про­ме­ни и ос­ве­жу­ва­ња ќе има, нај­мно­гу во т.н. трет еша­лон

$
0
0

nikola-gruevski-int105-1_201491792125

Во интервјуто за „Дневник“, објавено непосредно пред да го добие мандатот за составување влада од претседателот на државата Ѓорге Иванов, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави кад­ров­ски про­ме­ни и ос­ве­жу­ва­ња. -Да, пла­ни­рам кадровски промени и освежувања. И тоа нај­мно­гу во т.н. трет еша­лон. Одеј­ќи во кам­па­ња­та од мес­то до мес­то, уви­дов де­ка во мно­гу мес­та има оп­рав­дан ре­волт од т.н. трет еша­лон. Не­кои од нив се и пре­дол­го на ис­та по­зи­ци­ја и поч­на­ле да се ру­ти­ни­зи­ра­ат и да се од­не­су­ва­ат прем­но­гу би­рок­рат­ски. Ги за­гу­би­ле жа­рот и енер­ги­ја­та. Има так­ви и во пр­ви­от и во вто­ри­от еша­лон. Има и лу­ѓе кај кои е вид­лив за­мо­рот. Има и так­ви што ги за­гу­би­ле енер­ги­ја­та и ви­со­ка­та мо­ти­ви­ра­ност што ја имаа. Поч­на­ле прем­но­гу ад­ми­нис­тра­тив­но да од­го­ва­ра­ат, без да се пот­ру­дат да им по­мог­нат на лу­ѓе­то, ту­ку са­мо им да­ва­ат би­рок­рат­ски и ад­ми­нис­тра­тив­ни од­го­во­ри. Ед­нос­тав­но не „гри­за­т“ ка­ко не­ко­гаш ко­га ста­ну­ва збор за ра­бо­те­ње, за по­ма­га­ње, за кре­а­тив­ност во се­кој­днев­на­та ра­бо­та, во бор­ба­та се­кој ден, од­нос­но и од­но­во да се до­ка­жу­ваш. Има­ат ка­па­ци­тет, има­ат зна­е­ње, има­ат ис­ку­ство, и сè е тоа во ред. Но не­ма­ат жар, го не­ма­ат ела­нот од по­ра­но, не се мак­си­мал­но мо­ти­ви­ра­ни, релаксирани се. Зна­е­те, се­кој што не се бо­ри за ус­пех на ин­сти­ту­ци­ја­та што ја во­ди, со ист елан, енер­ги­ја, мо­тив, жар ка­ко да се бо­ри за сво­ја при­ват­на фир­ма од ко­ја му за­ви­си лич­ни­от оп­ста­нок, зна­чи де­ка го дос­тиг­нал зе­ни­тот и тре­ба да се за­ме­ни со не­кој друг, кој, мо­же­би, во по­че­то­кот ќе е по­мал­ку ис­ку­сен или ќе има неш­то по­мал­ку зна­е­ње, осо­бе­но она што се до­би­ва од ис­кус­тво­то, од ра­бо­те­ње­то, но ќе има жар, мо­ти­ви­ра­ност, сил­на ам­би­ци­ја, ќе соз­да­ва­ат воз­буд­ли­ва ат­мос­фе­ра во ин­сти­ту­ци­и­те со кои ра­ко­во­дат, ќе ги мо­ти­ви­ра­ат и дру­ги­те во таа ин­сти­ту­ци­ја, ќе ги раз­дви­жат ра­бо­ти­те, ќе вне­сат све­жи­на, чув­ство за се­кој­днев­но се­бе до­ка­жу­ва­ње и нап­ре­док, ин­ди­ви­дуи и тим кои пос­то­јат за да соз­да­дат го­ле­ми неш­та и кој по­бе­ду­ва. На се­кое мик­ро­ни­во на ра­ко­во­де­ње. Вак­ви про­ме­ни ќе има мно­гу, по­мал дел во пр­ва­та, по­го­лем дел во вто­ра­та по­ло­ви­на од оваа го­ди­на. Ова пот­ре­ба во нај­го­лем дел про­из­ле­зе од оде­ње­то на те­рен оваа го­ди­на и раз­го­вор со мно­гу лу­ѓе, ком­па­нии или са­ми­те ра­ко­во­ди­те­ли на раз­лич­ни ни­воа. И мои и на мо­и­те со­ра­бот­ни­ци те­рен­ски по­се­ти. Има и так­ви што тре­ба да се сме­нат по­ра­ди соз­да­де­ни ло­ши на­ви­ки, греш­ки и про­пус­ти во ра­бо­та­та, и во­ед­но да се да­де шан­са и на дру­ги од кои ќе се оче­ку­ва уш­те по­го­лем учи­нок и ус­пех. Ова ќе би­де кон­ти­ну­и­ран про­цес, но го­ди­на­ва ќе има еден по­си­лен бран ос­ве­жу­ва­ња, рече Груевски.

Потпишан договор за четири нови електрични локомотиви

$
0
0

voz-zeleznica-480x210

Четири нови електрични локомотиви ќе добие Македонија од кинеската компанија ЦРРЦ Џуџоу. Договорот за набавка го потпишаа денеска МЖ „Транспорт“ и претставници на компанијата. Ова е втор проект што го реализираат македонската Влада и Џуџоу по првиот за набавка на шест нови патнички возови. Инвестицијата вредна осум милиони евра е обезбедена од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а се реализира во рамки на Проектот за обнова на возниот парк. - Набавката на четирите нови електрични локомотиви практично значи обнова на возниот парк по 40 години, доближување до европските и светските стандарди, обезбедување поголема безбедност и сигурност во железничкиот сообраќај, поголем број патници, поголема брзина, енергетска заштеда, заштита на животната средина, ефикасно работење и поквалитетни услуги, истакна генералниот директор на МЖ „Транспорт“ Никола Костов по потпишувањето на Договорот. Според него, набавката на новите локомотиви ќе значи и поттик повеќе за вработените, поголема мотивираност и стимул за уште поголема професионалност во исполнувањето на обврските. - Овој ден е гордост за сите вработени во МЖ „Транспорт“, но и за целокупната македонска јавност и за стопанството, подвлече Костов. Заблагодарувајќи се за довербата, претседателот на ЦРРЦ Џо Шин Ха рече дека Македонија е важна југоисточна железничка транспортна зона и е постојано во фокусот на Џуџоу. - Нашата компанија ќе обезбеди ресурси и експертиза. Ќе добиете сигурни, безбедни производи со врвни перформанси и прекрасен изглед, истакна Шин Ха и додаде дека веќе набавените шест електрични возови се само предвесник на пријателството кое се продлабочува. Шин Ха напомена дека Џуџоу ќе овозможи повластени услуги при финансирањето како целосна поддршка за Македонија, за подигнување на јавниот транспорт. ЦРРЦ е основана во 1936 година и има осум децении искуство во производство и сервисирање на локомотиви. Произведува супер модерни урбани возови за железнички превоз. Соработува со преку 10 земји и годишно реализира набавки од околу 45 милијарди јуани. На потпишувањето на Договорот присуствуваа и државните секретари во министерствата за транспорт и врски и за финансии, Божидар Петровски и Игор Димитров, како и амбасадорот и конзулот на НР Кина во Македонија.

В четврток концерт „Заборавени песни“ во МОБ за „Василица“

$
0
0

15823018_1596137037080177_6693520509337284586_n

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата со концертот по повод празникот „Василица“. Во четврток, 12 јануари 2017 ќе се одржи концерт насловен како „ЗАБОРАВЕНИ ПЕСНИ“. На концертот ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но во програмата има и неколку популарни композиции. Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска, во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент: Бисера Чадловска.

Јотовски ќе игра во главната фаза фјучрсот во Мајами

$
0
0

jotovski

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски ќе настапува во главната фаза фјучрсот во Мајами и покрај поразот во 4.коло од квалификациите. Македонецот вчеравечер загуби од домашниот тенисер Мајкл Зу со 2-1, по сетови 6:2, 2:6 и 7:6, но оди на главниот турнир како „лаки лузер“. Јотовски во првото коло за противник го има Рикардо Хочевар од Бразил кој во моментов се наоѓа на 560. Место на АТП ранг листата. Туурнирот се ига за награден фонд од 15.000 илјади долари. Во конкуренција на двојки Јотовски денес заедно со Мацеј Рајски од Полска ќе играат против Томислав Бркиќ (Босна и Херцеговина) и Никола Чачиќ (Србија).

ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации

$
0
0

fifa

Од 2026 година на фудбалските Мундијали ќе учествуваат 48 репрезентации. ФИФА денеска соопшти дека за 16 селекции ќе се зголеми сегашниот број од 32 земји-учеснички. Одлуката е донесена едногласно на седница на Светската фудбалска асоцијација и беше поддржана од претседателот на ФИФА Џани Инфантино. Почнувајќи од Светското првенство во 2026 година 48 репрезентации ќе бидат поделени во 16 групи. Од секоја група двете најдобри ќе одат во следната фаза, а трето пласираната ќе го заврши шампионатот. Натпреварите ќе продолжат со 1/16 финалето по „нок-аут“ систем. Промената на системот на натпреварување на Мундијалите на ФИФА ќе и донесе поголема финансиска заработка, додека гледачите ќе имаат можност да проследат вкупно 80 натпревари или 16 повеќе од досегашниот број од 64 натпревари кои ги нуди сегашниот систем.

Германската екстремна десница бара две „eврозони“

$
0
0

133519842

Екстрено десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АФД), која според анкетите е трета по популарност полиитчка сила во земјата во пресрет на сојузните избори закажани за септември, бара еврoозната да се подели на два дела. Говорејќи на прес-конференција во Берлин еден од лидерите на АФД Јерг Мутен бара промени во начинот на кој функционира Европската монетарна унија со цел да ја преброди кризата. Како што јави дописникот на МИА од Берлин, Мутен, кој е професор по економија, бара еврозоната да се подели на два табори, едниот посилен да биде предводен од Германија, а вториот послаб да биде поврзан со Франција. - Еврото е семе на раздор во Европа која има различни валутни култури и различни нивоа на конкурентност, смета Мутен кој во едно интервју предходно најави дека Германија може да трпи штета од ваквата поделба во првата и втората година. но дека по тој период состојбата ќе се нормализира. Според АФД, еврото е пресилно за земјите на југот на Европа, додека за Германија и неколку други има премала вредност. - Затоа прифатливо е послабите земји да заминат, смета Мутен, според кого, во групата земји кои треба да формираат нова еврозона се Италија, Штанија, Португалија и Франција. Според него, Грција е финансиски толку слаба што ниту една друга земја не сама да влезе во финансиска заедница со неа. Претставникот на АФД смета дека во „силната еврозона“ треба да останат Германија, Австрија, Холандија и Финска, кои ќе имаат штета од силното евро. што ќе го намали извозот, но дека кризата ќе завшри за околу две години. АФД. која е формирана во 2013 година на бранот на антибегалската и антиимигрантската реторика, ужива попучарност од 15 отсто на националнп ниво и има свои пратеници во 11 покраински парламенти во Германија.

Груевски ќе се сретне со лидерите од коалицијата „За подобра Македонија“

$
0
0

nikola-gruevski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ќе оствари средба со  лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“. Груевски вчера го прими мандатот за формирање влада од претседателот Ѓорге Иванов, по последните предвремени парламентарни избори на кои ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандат.

ВМРО-ДПМНЕ: Новата боемска улица на Жерновски чини 710.000 евра

$
0
0

vmro-dpmne-2

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на работењето на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, за уредувањето на боемските улици и нивната вредност. - Граѓаните на општина Центар не можат да излезат на крај со неисчистените улици од снегот и мразот, но Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој им пружи за уживање 270 метри боемска улица која чини неверојатни 710.000 евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. За секој метар од оваа боемска улица, според Ристевски, Жерновски платил по 2.629 евра. - Неработењето на Жерновски кулминираше со уредувањето на втората боемска улица од 270 метри, улица која чини колку три градинки во општина Центар, рече Ристевски. Според јавната набавка која ја склучила општина Центар, како што кажа тој, проценетата вредност на договорот била 39.661.017 денари, додека пак целосната сума која е исплатена изнесува 43.632.737 денари или четири милиони денари повеќе. - Граѓаните заслужуваат Андреј Жерновски да им објасни каде се потрошени тие четири милиони денари. За да биде уште поспектакуларна Боемската улица 2, Жерновски за уредување на дрворедот платил дури 860.000 денари, рече Ристевски кој исто така бара одговор колку чинеше отворањето на улицата. Ристевски тврди дека двете боемски улици во општина Центар чинат повеќе од 1.2 милиони евра пари на граѓаните на општина Центар.
Viewing all 13246 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>